Бабунски: Сакаме да го повториме успехот од лани, да играме во групната фаза од Лига Европа

by
1 минути читање

Вардар во изминатиот период претрпе многу промени, па навивачите се уште немаат јасна слика за тоа колку е моќен новиот тим. Утре „црвено-црните“ ќе го играат првиот официјален натпревар по што работите ќе бидат многу појани.

Тренерот Бобан Бабунски вели дека ќе биде тешко против Пјуник, но најави офанзивна игра на победа.

„Имаме добри информации за екипата на Пјуник. Имаат неколку нови играчи и знаеме дека на секоја позиција поседуваат квалитетни играчи. Исто така имаат и искусни фудбалери кои играле многу вакви натпревари. Играат цврсто во одбраната и не очекува тешка задача тука во Ереван. Влегуваме со максимален респект кон нашиот противник и кон многу од нивни играчи. Но, ние сакаме да ја форсираме нашата офанзивна игра. Имавме одлични подготовки изминатиот период. Имаме неколку нови играчи кои одлично се вклопија. Се надевам дека играчите ќе ја покажат својата желба за победа. Минатата сезона беше прв пат наша екипа да игра во групната фаза од едно европско натпреварување, и нормално дека посакуваме да го повториме тој успех. Никогаш не се знае. Секогаш постојат изненадувања, и постојат екипи кои што во секој момент можат да покажат квалитет и да направат успех во Европа“, изјави Бабунски на денешната прес конференција.

Овој натпревар за Барсегјан ќе биде со посебни емоции бидејќи игра во својата Ерменија.

„Нема да ми биде необично што ќе играм тука во Ереван. Јас сум професионалец, и сигурно ќе сакам да победи мојата екипа. Имам пријатели во Пјуник, со некои фудбалери се познавам, меѓутоа на теренот кога ќе почне мечот нема пријателство. И тие како и јас ќе дадат се од себе да победат. Се надевам дека утре Вардар ќе биде подобар, и дека ќе извлечеме добар резултат пред реваншот на домашен терен“, вели Барсегјан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани