381
Дориан Бабунски е
најдобар напаѓач на полусезоната во најсилниот бугарски фудбалски шампионат,
каде во дресот на Ботев Враца постигна 10 погодоци, а запиша и уште 2
асистенции на 19 меча.
Одличните партии
на нашиот 25 годишен напаѓач го оставаат во игра тимот на Ботев Враца за
изборување на опстанок во тамошното елитно друштво, а Бабунски воедно има и најдобар
индекс од напаѓачите во Бугарија.
Со индекс од
63,53, Бабунски има 25 обиди кои завршиле во рамките на противничките голови од
вкупно 38 обиди, а изнуди и три пенали, па така има подобар статистички учинок
и од првиот стрелец во лигата Каиседо (12) од ЦСКА Софија.
Фото-вест: gong.bg (архива)