Бабунски доби отказ по само еден официјален меч оваа сезона!

by
1 минути читање

Бобан Бабунски го водеше Вардар за време на подготовките и на само еден официјален меч оваа сезона. Тие 90 минути на гостувањето кај Пјуник изгледа беа доволни за раководство на клубот да процени дека на тимот му треба друг тренер.

„Фудбалскиот клуб Вардар денеска донесе одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски, и тој повеќе нема да ја води екипата на „црвено-црните“. Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Јаневски, го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа. На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка, и му посакуваме многу успех во иднина“, стои во соопштението на Вардар.

На ренвашот во Пјуник кој се игра во четврток тимот ќе го води асистентот Александар Васоски, а после мечот раководството ќе одлучи кој ќе биде наследникот на Бабунски.

Ова е уште една чудна одлука на раководството на Вардар на кое ако не му се допаѓа Бабунски подобро ќе беше да го разрешеше уште на крајот од минатата сезона и тимот подготовките да ги почнеше со нов тренер.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани