Белгиецот е
обврзан кон Челси до јуни 2020, преговорите за продолжување на соработката
тапкаат во место, па Реал Мадрид сака да ја искористи оваа ситуација и да го
донесе Еден Азар во своите редови.
Самиот играч, кој
никогаш не криел дека сонува да го облече белиот дрес, во неколку наврати призна
дека ова е правиот момент да заигра за „кралевите“, но во исто време посочи
дека нема ништо против да продолжи во Челси.
Во разговор со „Радио
Монте Карло“, Еден Азар сега откри дека донел одлука, но не го откри следниот
чекор во кариерата.
„Знам што ќе
направам летоска. Веќе донесов одлука!“ – вели Азар.
Белгискиот весник
„ХНЛ“ пак вели дека Еден Азар од поодамна има донесено одлука, и за изборот на
играчот се свесни и во Челси. „ХНЛ“ додава дека фудбалерот сака да стави крај
на авантурата на „Стемфорд Бриџ“ и да направи трансфер во Реал Мадрид.