Азар продолжува да импресионира од натпревар во натпревар и вели дека тајната за таквата игра лежи во тренерот, Маурицио Сари со кој се на иста бранова должина.
„Лесно се разбираме. Статистички ова е мојата најдобра сезона и тоа е така поради начинот на размислување на Сари за фудбалот кој е ист со мојот“, открива Азар.
„Понекогаш ќе загубиме, но на крајот, начинот на кој тој сака да играме е ист со начинот на кој јас сакам да игра Челси“.
„Мислам дека тој е фантастичен тренер. После Конте не беше лесно. Тој дојде со свои идеи и мислам дека врши одлична работа“.
„Не е лесно да се игра на начинот на кој тој сака да играме но мислам дека сега почнавме да се разбираме“.
„Работиме многу бидејќи овој тренер е поразличен од Конте, поразличен од Мурињо“.
„Не е лесно да промениш се, но мислам дека во изминатите две-три недели покажавме дека одлично се адаптираме и сега сакаме да имаме добар финиш на сезоната“.