Еден Азар е
предобар за Челси и тој веќе го надрасна клубот, ова го вели Џермејн Џенас,
поранешниот фудбалер на Тотенхем говорејќи по поразот на Челси од Тотенхем со
1-0 на Вембли, со доста озборуваниот гол на Кејн.
Белгиецот има
важечки договор со Челси со 2020. година, беше поврзуван со трансфер во Реал
Мадрид во летниот преоден рок, а Џенас смета дека е дојдено вистинското време
за тој да направи чекор напред во својата кариера.
„Во одредени
моменти помислив дека беше невозможно да играат со него“ рече Џенас.
„Јас веќе реков
во мојата анализа од мечот дека тој е едноставно предобар за Челси, тој клуб е
навистина на високо ниво како клуб, но, Азар го надрасна, сега треба да си
замине, тој е фудбалер од високо ниво“ смета Џенас.