Азар: Да бидам искрен, не ми е гајле што зборува Сари

by
1 минути читање

Синоќа Челси на пенали го победи Тотнем и се пласира во финалето од Лига Купот каде ќе игра против Манчестер Сити. Еден од погодоците во регуларниот дел беше на Еден Азар.

Пред натпреварот Сари изјави дека Азар е фантастичен играч, но нема менталитет на лидер. Па фудбалерот сега одговори на ваквите критики.

„Да бидам искрен, не ми е гајле. Јас само го играм мојот фудбал, не ми еважно што вели тренерот. Фокусиран сум само на овој тим и секогаш сакам да го дадам најдоброто за тимот. Денеска го направив тоа и среќен сум“, вели Азар.

„Мојата работа е на теренот да направам тоа што можам да го направам. Секогаш сум велел дека на теренот сум лидер, па мислам дека сум лидер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани