Аврамовски потпиша за Сараево, Васоски го испофали (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Опасниот левучар
од македонската репрезентација пристигнува во бордо дресот“ објавија од
босанскиот прволигаш Сараево, со тоа што и официјално го претставија 26
годишниот Даниел Аврамовски кој потпиша до 2024 година со тој клуб.

Шефот на
стручниот штаб на Сараево, Александар Васоски истакна дека Аврамовски е одличен
фудбалер кој постојано е голем проблем за противниците бидејќи има одличен
преглед на играта, но и дека станува збор за опасен левучар со ефикасна
завршница, а среќен за трансферот е воедно и самиот Аврамовски.

Среќен сум
поради доаѓањето во Сараево, долго време бевме во контакт, мило ми е што на
крајот постигнавме договор, се радувам на тоа што претстои, на натпреварите
пред навивачите на овој клуб, сакам да помогнам за успешни резултати
“ рече
Аврамовски
, чиј претходно
последен клуб му беше турски Кајсериспор.

Тимот на Сараево
во моментов се наоѓа на четвртата позиција на табелата во босанската „Премиерлига“
со 28 бода од 19 одиграни натпревари, односно дури 20 бода зад лидерот Зрињски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×