Атсу е жив – поранешниот фудбалер на Челси е пронајден под урнатините во Турција!

by
1 минути читање

Новите информации од Турција велат дека Кристијан Атсу е пронајден жив во урнатините од земјотресот. Тој е пренесен во болница, имал отежнато дишење и повреда на десното стопало.

„Во контакт сум со менаџментот на Кристијан Атсу. Негов соиграч им потврдил дека фудбалерот е најден и однесен во болница“, потврди новинарот од Гана, Садик Адамс.

Атсу синоќа постигна гол за Хатајспор во победата над Касимпаша, а утрово по земјотресот тој не беше достапен на мобилниот телефон по што стана јасно дека е под урнатините.

Мисијата за неговото пронаоѓање за среќа заврши успешно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани