Атлетико не го искористи киксот на Реал, ремизираше против Селта (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Aтлетико Мадрид не го искористи киксот на Реал Мадрид за да го преземе врвот на табелата и одигра само 1:1 против Селта.

Проблемите за Атлетико започнаа во петтата минута кога Бариос заработи директен црвен картон и беше исклучен.

Селта сепак не успеваше да ја искористи предноста од фудбалер повеќе во првиот дел и во првите 45 минути не видовме погодоци.

Резултатот беше отворен во 68. минута кога Иаго Аспас реализираше најстрога казна. Атлетико поразот го избегна со голот во 82. минута на Сорлот.

На табелата Атлетико има 50 бода, два повеќе од Барселона и еден помалку од Реал Мадрид, но каталонците допрва треба да го играат својот натпревар од ова коло и ако слават против Рајо Ваљекано би се израмниле со „кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани