124
Атлетико Мадрид ја продолжи добрата форма откако славеше лесна победа на свој терен над Хетафе.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, Гризман во 27. минута го отвори резултатот, а Саул Нигез десет минути подоцна ги постави конечните 2-0.
Леванте и Барди доживеаа вистински потоп на гостувањето кај Севиља која им даде дури пет голови.
Мрежите мируваа во првото полувреме, па никој не се надеваше на тоа што се случи во вториот дел. По еден гол дадоа Бен Једер, Силва, Васкез, Сарабиа и Промес.
Барди беше стартер на мечот, играше до 76. минута кога беше повлечен од игра.