Атлетико Мадрид им се приклучи на Челси и ПСЖ во битката за Ришарлисон

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид
им се приклучи на Челси и ПСЖ во битката за потписот на ѕвездата на Евертон, а
воедно и репрезентативец на Бразил, Ришарлисон.

Според пишувањата
на АС, се верува дека Атлетико Мадрид веќе имал неофицијални контакти со
претставниците на Ришарлисон околу можни преговори во летниот преоден рок, а
Евертон би можел добро да заработи на негова евентуална продажба од причина што
тој игра во фантастична форма, а веќе се докажува и во дресот на Кариоките.

Се верува дека
Атлетико Мадрид нема да има ништо против добро да го одврзе ќесето за
Ришарлисон, најмногу поради фактот што има само 21 година, а челниците на
шпанскиот прволигаш имаат мислење дека Бразилецот брзо би се адаптирал во таа
екипа.

Ришарлисон лани
направи трансфер во Евертон за сума од 50 милиони фунти, обештетување кое легна
на сметката на Ватфорд, досега постигна десет погодоци оваа сезона, а добрите
игри во дресот на тимот од Гудисон парк, го примамија и селекторот на Тите, кој
упати повик до Ришарлисон, а овој не чекаше многу да возврати со погодоци, досега
постигна три на шест настапи за Кариоките.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани