Атлетико Мадрид и на социјалните мрежи се пожали за судењето на градското дерби (ФОТО)

by
1 минути читање

Тимот на Диего Симеоне во последниот половина час играше со фудбалер помалку откако Анхел Кореја заработи црвен картон откако го удри Ридигер.

За луѓето од Атлетико Мадрид црвениот картон е престрого досуден, но велат дека тоа не е ништо ново кога доаѓаат на Бернабеу.

„ВАР може да биде на сечија страна, некогаш во наша користи, некогаш во корист на другиот тим, но секогаш кога доаѓаме на Бернабеу, ВАР е против нас. Ридигер е 194 см, Кореа е многу помал од него и имаше контакт, но дали беше толку брутален контакт… не верувам, Ридигер веднаш стана“, вели Симеоне.

Атлетико Мадрид отиде и чекор подалеку, па на социјалните мрежи напиша: „Ништо ново на Бернабеу“, со што алудираа дека Реал имал поддршка од судиите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани