Атлетико Мадрид и Челси го финализираат договорот за Мората

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид е
близу комплетирање на договор со Челси за позајмица на напаѓачот Алваро Мората
за до крајот на сезоната, велат информациите кои пристигнуваат.

За Мората подолг
период се најавуваше дека ќе си замине од Лондон по слабата полусезона која ја
имаше во редовите на Премиерлигашот, каде пристигна од Реал Мадрид минатото
лето за сума од 65 милиони евра.

Иако Челси
преферира брза продажба на Шпанецот, сепак, Атлетико Мадрид се споменува како
единствена екипа во моментов која преговара барем за позајмица и се близу до
договор.

Доколку се
остварат најавите, тоа на некој начин би било враќање на Мората во тимот на
Јорганџиите, екипа за која настапуваше во младинскиот погон, а напаѓачот се
поврзуваше и со преселба во Севиља, односно Барселона, но извесно е дека
Атлетико Мадрид ќе биде неговата следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани