Атлетик Билбао ќe побараат од Фудбалската федерација на Шпанија и Ла Лига да се направи ревизија на работењето на Барселона и да се утврди дали „каталонците“ ги исполнуваат условите за ангажман на Нико Вилијамс.
Нико Вилијамс го извести Атлетик дека се сели на Камп Ноу, но клубот од Билбао нема лесно да се откаже и ќе влезе во војна со Барселона.
Претседателот Уриарте и генералниот директор Берасатеги се во Мадрид и ќе ја искористат оваа прилика за да побараат од ФФШ и Ла Лига да се направи ревизија на работењето на Барса.
Тие спорат дека „каталонците“ не се во правилото 1:1, па сакаат да знаат од каде им се парите за да платат 62 милиони евра и да ја активираат откупната клаузула на Нико Вилијамс.
Тие ќе бараат цврсти докази дека Барселона ги исполнува условите да реализира една ваква зделка, односно ќе бараат трансферот да биде блокиран се додека не се испочитуваат правилата.
ФОТО: X/Athletic Club