АТЛ: Лиман неприкосновен на Јадранот

by
3 минути читање

Момците од Нови
Сад, повеќекратни светски шампиони во текбол, победија во финалето на
Јадранската Текбол Лига, со резултат 2:0 (12:3; 12:3) против тимот од Подгорица
„Курјаци”, кој е составен од Марко Жарковиќ и Андрија Јовановиќ. Дека се
најдобри во регионот потврдија и на турнирите во останатите држави чии
натпреварувачи се натпреваруваа во премиерната АТЛ сезона во Бар, Задар,
Сараево и Златибор. Трофејот на најуспешните го додели директорот на Агенцијата
за млади и спорт Наумче Мојсовски кои го подржаа АТЛ Турнирот во Скопје преку
проектот #BeActive.

„Драго ни е дека
бевме дел од завршниот турнир на Јадранската лига во Скопје, кој беше да кажам
завршен чин на оваа прекрасна приказна оваа година. Апсолутно сме задоволни
како со организацијата така и со нашите игри во оваа лига. Се надеваме дека
овој проект наредната година ќе биде на уште повисоко ниво, затоа што регионот
го заслужува тоа и апсолутно на сите текбол играчи кои живеат во овој регион
оваа лига им значи, како поради самиот турнир, така и поради стекнување
искуство за настапи на меѓународни натпревари кои се во организација на
Светската текбол федерација (FITEQ). Големи пофалби и на менаџментот на лигата
кои направија одлична работа оваа година”
, задоволен беше Никола Митро.

Најпријатно
изненадување на турнирот беше тимот на Нови Сад кој стигна до полуфиналето,
составен од македонскиот репрезентативец Никола Пејчиновски и неговиот соиграч
Радослав Митро. Во четвртфинале го елиминираа тимот од Подгорица „ПГ Текерс”
2:1 (12:10; 12:7). „Лиман” пред мечот за титула го победи „Борац” од Бјело Поље
2:0 (12:3;12:4).

„Што се однесува
до самата организација на турнирот се беше на ниво на најголемите светски
турнири. Она што е посебно важно е дека турнирот беше добро посетен, дека имаше
доста гледачи кои ги пополнија трибините веднаш штом почна загревањето и тоа не
се промени до крајот на натпреварувачкиот дел. Лично сум презадоволен со нашиот
резултат, а и пласманот во полуфинале, одигравме одличен турнир и со нетрпение
очекувам повторно да се собереме.”
Задоволен беше Пејчиновски.

По одржувањето на
European Teqball Toure на почетокот на годината, текбол ја имаше најголемата
промоција во Градскиот парк во Скопје, а бројни посетители имаа прилика да се
запознаат со спортот кој би можел да се најде на програмата на Олимписките игри
во Лос Анџелес 2028 година.

Текбол е спорт
кој е се популарен во светот. Се работи за спорт кој се игра на специјално
дизајнирана закривена маса со топка слична на фудбалската, со најмногу 3
контакти со сите делови на телото освен со рацете, а во случај на категорија на
парови задолжителна е барем една размена помеѓу членовите на парот. Ни носи
многу атрактивни потези, мајстории и интересни размени во кои публиката ужива
во текот на натпреварот, кој се игра во два добиени сета за кој е потребно да
се освојат 12 поени. Истотака, TEQ масата е мултифункционална па се демонстрираа
и TEQ VOLY и TEQ Pong, а прилика да се пробаат во овие урбани спортови имаа и
најмладите посетители на Градскиот парк во Скопје.

На спектакуларен
начин затворена е летната TEQ сезона во регионот, а тоа што ги очекува
најуспешните учесници се припремите за Светското првенство кое ќе се одржи во
ноември на Тајланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×