22 годишниот
македонски интернационалец Јани Атанасов денеска стави потпис на нов договор со
хрватскиот прволигаш Хајдук со кој се обврза на верност со тој клуб до 2023
година, практично дополнителни 12 месеци во однос на договорот кој му беше
актуелен.
Струмичанецот на
„Пољуд“ пристигна во 2020 година со што досега запиша 47 официјални настапи за
Хајдук, на кои постигна четири погодоци, но и две асистенции.
„Среќен сум што
го продолжив договорот со Хајдук, како и фактот што во претстојниот период ќе
бидам дел од овој проект, уште од првиот ден во Сплит се чувствувам прекрасно,
голема чест имам што го носам дресот на овој голем клуб со најдобрите навивачи
во светот, чувствувам одговорност и предизвик да возвратам со добри игри и
успеси, верувам дека ќе се радуваме на сето тоа во иднина“ истакна Атанасов за
официјалниот клупски сајт на Хајдук.