561
Во текот на вчерашниот ден Астон Вила стапила во контакт со Челси за ангажман на двајца играчи, Аксел Дисаси и Жоао Феликс.
Двајцата фудбалери не се стартери, па во потрага по поголема минутажа би можеле да го напуштат Челси.
Наводно, Дисаси сака трансфер во Астон Вила, а Жоао Феликс ќе ја почитува одлуката на Челси кој допрва треба да одлучи дали него ќе го пушти.
Феликс не е стартер бидејќи на таа позиција игра одличниот Палмер, но Португалецот е значеан за ротацијата на Челси.