Аспиликуета откри што прво слушнал откако се освестил по страшниот удар во главата против Саутемптон

by
1 минути читање

На натпреварот
помеѓу Челси и Саутемптон, гостинскиот фудбалер Секу Мара го „патосираше“ Цесар
Аспиликуета откако со нога го шутна во глава. Шпанецот изгуби свест, десетина
минути добиваше третман на теренот и потоа на носилки беше префрлен во болница
каде помина неколку дена.

И покрај тоа што
нема зелно светло да се врати на тренинзите, дефанзивецот се пријави во тренинг
центарот на Челси за да се поздрави со соиграчите.

„Се чувствувам
добро. Одлично е што повторно сум тука, дојдов да се поздравам да ги проследам
тренингот“
– вели Цесар Аспиликуета.

„Беше прилично
страшно, особено за моето семејство и блиските луѓе. Последно што паметам е како
се подготвуваме да се изведе корнер“.

„Првата работа
што ја слушнав кога се освестив беа фановите, како го скандираат моето име, па
сакам да им се заблагодарам“.

„Сега неколку
денови ќе се опоравувам и ќе почнам полека да работам за кам-бек на тернеите.
Морам да одам чекор по чекор“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×