Мечот на „Еланд
роуд“ се најде во центарот на вниманието на светската фудбалската јавност откако
синоќешниот тренинг на Дерби морал на кратко да биде прекинат поради
интервенција на полицијата која пристигнала да легитимира сомнително лице крај
оградата, кое всушност било вработено во Лидс јунајтед.
Колку од помош му
било на Бјелса она што го видел шпионот тешко дека ќе дознаеме но „белите“
вечерва целосно го надиграа противникот и славеа со 2-0.
Резултатот го отвори
Руфи во 20. минута, напаѓачот доби одлична топка од Кларк во петерецот и биеше прецизно за
1-0.
Дилемите беа решени на стартот од вториот дел кога по една несигурна
интервенција на гостинскиот голман, Алиоски одлично се снајде и спушти за
Харисон кој од неколку метри ја затресе празната мрежа.
Со овој триумф,
Лидс се зацврсти на врвот на табелата и има 54 бода по 27 одиграни кола.