Асенсио ослободен, останатите тројца од секс-скандалот ќе одат во затвор!

by Стефан
1 минути читање

Поранешните младинци на Реал Мадрид, Феран Руиз, Хуан Родригез и Андрес Гарсија, добија затворски казни од по една година поради случајот со снимање и споделување интимна снимка од 2023 година.

За разлика од нив, првотимецот на „кралскиот клуб“, Раул Асенсио, е ослободен од обвинението.

Пресудата беше донесена во судот во Лас Палмас, откако една од жртвите, која во моментот на настанот имала само 16 години, дала изјава дека им простува на фудбалерите. Нејзиното сведочење беше клучно за Асенсио, кој беше обвинет дека спорната снимка ја споделил со трети лица.

Благодарение на нејзината изјава, казните за останатите тројца обвинети беа значително намалени. Наместо првично предвидените затворски казни од по четири години, тие сега ќе издржуваат по една година.

Во меѓувреме, Асенсио повторно се најде во центарот на вниманието поради друг проблем. Фудбалерот неодамна останал без возачка дозвола откако бил фатен како управува автомобил во алкохолизирана состојба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×