23
Микел Артета со оптимизам го очекува реваншот од полуфиналето во Лига на шампиони, каде Арсенал повторно ќе се судри со Атлетико Мадрид.
По ремито 1-1 во првиот натпревар во Мадрид, „топчиите“ ќе мора да покажат повеќе на домашен терен доколку сакаат билет за финалето.
„Едвај чекам да започне мечот. Ја чувствувам енергијата во екипата и среќен сум што сите се расположени. Заедно минавме многу убави моменти, сите сакавме да дојдеме до оваа фаза и сега сме на чекор од финалето. Мојата порака до играчите е зграпчете ја можноста, оваа шанса не се пропушта“, изјави Артета.
Реваншот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид се игра вечерва од 21:00 часот. Победникот ќе обезбеди место во големото финале.