Арслан: Левски е голем предизвик, но ние сме подготвени

by
2 минути читање

Шкупи утре го продолжува натпреварувањето во Европа, во второто квалификациско коло од Конференциската лига играат против Левски од Бугарија.

„Левски е посилен од Хегелман. Припремата за секој меч е на ист начин, стратегијата е секогаш различна. Кога ќе почне мечот, не се плашиме од ниту еден ривал. Тактиката ја менуваме во зависност од ривалот. Таков е нашиот систем, се прилагодуваме на противничките квалитети. Левски е многу посериозна екипа, има квалитетни играчи кои ќе мора да ги затвориме. Им ги знаеме и слабите точки. Ќе се обидеме да бидеме покреативни, тоа ни недостасуваше на реваншот против Хегелман“, вели тренерот Чихат Арслан.

Тој ги повикува навивачите на Шкупи да дојдат во колку што е можно поголем број и да им дадат поддршка на фудбалерите во утрешната битка.

„Сакаме да оствариме позитивен резултат. На теренот каков што е нашиот тешко е да се исполнат сите замисли, но така е за двете екипи. Тоа што ме радува е дека секој наш резервист може да даде допринос. Тоа е многу важно кога сакате да бидете тим. Сакам да ги повикам навивачите да дојдат во што е можно поголем број. Тие се нашата сила“.

„Левски е историски клуб. Тие се млада екипа со просек од 23 години, па мора да ги почитуваме. Голманот им има 18 години, а веќе чини четири ипол милиони евра. Се работи за динамична екипа која игра во висок ритам“.

Мечот меѓу Шкупи и Левски се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во четврток со почеток од 21 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани