Арсенал стана првиот тим кој забележал 100 победи против еден ривал, Евертон е пациентот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал креираше
+5 на врвот на табелата, избраниците на Артета вечерва триумфираа со убедливи
4-0 против Евертон.

Во финишот на
првото полувреме, Сака го отвори резултатот а само неколку минути подоцна
Мартинели зголеми на 2-0.

Одегард погоди за
3-0 во 71. минута, а конечниот резултат го постави Мартинели со својот втор
погодок во 80. минута.

Со овој резултат,
Арсенал испиша историја и стана првиот тим кој забележал 100 победи против еден
ривал.

На вториот вечерашен
натпревар во Премиерлигата, Ливерпул освои три важни бода во битката за топ
четири пласман и го совлада Вулверхемптон со 2-0.

Натпреварот беше
решен во период од пет минути, најпрво Ван Дајк со глава го отвори резултатот,
за потоа Салах да финишира една убава акција и да го потврди славјето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×