„Топчиите“ се
надеваа дека овој месец ќе го ангажираат Михајло Мудрик, долго време преговараа
со Шахтар и кога се чинише дека двете страни се блиску до договор, Челзи го украде
Украинецот и го купи за 100 милиони евра.
Арсенал сега се
насочува кон други цели, се говори дека лидерот во Премиерлигата го обновил
интересот за Рафиња, кој минатото лето беше на листата со желби, но Барселона
ја доби битката за неговиот потпис.
Сепак и оваа
зделка е прилично комплицирана, „каталонците“ сакаат да направат убав профит и покрај тоа што Бразилецот не се снаоѓа најдобро на Камп Ноу.
Жоан Лапорта
одредил цена од 100 милиони евра, сума која тешко дека Арсенал може/сака да ја
плати.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.