Арсенал се насочи
кон Јаник Караско, откако тимот од Лондон е фрустриран по неуспешните обиди за
да го ангажира Иван Перишиќ од Интер.
Според
информациите кои ги пренесе Скај од Италија, се вели дека Топчиите се во
преговори со кинески Далијан Јифанг за ангажман на белгискиот напаѓач кој се
пресели во кинеската Суперлига по трансферот од Атлетико Мадрид во февруари
ланската година.
Се шпекулира дека
Арсенал сакал да го ангажира Перишиќ на лето, а најпрво сакал да го добие Хрватот на позајмица, сепак, Интер бил за продажба на 29
годишниот офанзивец уште овој јануарски преоден рок, па откако пропадна оваа
идеја на Премиерлигашот, сега од таму се насочуваат кон 25 годишниот Караско.
Агент на Караско отворено
проговори дека неговиот клиент сака да си замине од Далечниот Исток, а како
причина ја наведе тешката адаптација на животот во Кина од семејството на
Белгиецот.