Џуд Белингам важи за еден од најперспективните фудбалери од средниот ред во Европа и се очекува неколку клубови летоска да тропнат на неговата врата.
Борусија Дортмунд не сака да остане без младиот Англичанец и се верува дека ќе бара 150 милиони евра за трансфер.
Според пишувањата на Атлетик, Арсенал е еден од клубовите кои го меркаат Џуд Белингам, но со вакви суми, „топчиите“ се свесни дека не можат да се носат со Реал Мадрид, Манчестер Сити или пак Ливерпул.
Затоа клубот од Северен Лондон ќе се насочи кон други цели и Деклан Рајс од Вест Хем е на врвот со желбите.
Англичанецот е под договор до 2024 година, одбива да стави потпис на нов, па летоска ќе биде последна шанса за „чеканите“ да заработат добро од негова продажба.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.