Арсенал не освои трофеј, но најмногу заработи од УЕФА од англиските клубови! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Челси и Тотнем се радуваа на европски трофеи, а Арсенал заработи речиси двојно повеќе пари од нив.

Лигата на шампионите е натпреварувањето каде што најмногу се заработува, наградите се убедливо најголеми за прогрес во наредните фази, а Арсенал стигна најдалеку од англиските екипи.

Топчиите играа во полуфиналето од ЛШ, и вкупната заработка од УЕФА за оваа сезона која изминува им е 117 милиони евра.

Тотнем кој ја освои Лига Европа заработи 45.4 милиони евра, а Челси кој синоќа триумфираше во Конференциската лига инкасираше 22 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани