Милан влезе во лоша форма, па Пиоли реши со промена на тактиката да се справи со проблемот. Ја засили дефанзивата, росонерите сега не примаат голови, но и не даваат многу.
Пиоли сега користи тактика со тројца централни дефанзивци, Милан игра подобро од кризните денови, но не и спектакуларно. Росонерите на последните три меча во сите натпреварувања, победија со 1-0.
„Понекогаш се случува пад во формата и тешко беше да се предвиди. Синдромот на успех го болкираше Милан. Тие не можеа да победуваат и Пиоли почна да паничи, па се реши со тактика да го сопре крварењто. Почна да користи тројца во дефанзивата што во реалноста е пет луѓе, бидејќи и страничните бекови често се назад“, вели Ариго Саки.
„Со оваа тактика тие немаат доволно фудбалери во офанзивата и тешко е да се игра убаво. Користењето на тактика секогаш се исплаќа во Италија, но запомнете дека тактичарите секогаш губат од оние кои користат стратегија“.
„Оној кој користи стратегија секогаш го става стилот на игра во срцето на проектот. Тактичарот мора да купи важни играши за да го компензира отсуството на генерална организација. Милан беше на вистинската патека, но сега се уназадија“.
„Основачите размислуваа на офанзива и тимски спорт. Но со ова ги губиме овие оригинални карактеристики, се трансформираме во дефанзивен и индивидуален спорт“.
„Ова не е патот кој треба да го следиме доколку сакаме да продолжиме да ја забавуваме публиката. Пиоли беше архитект кој дизајнираше прекрасна креација минатата сезона и освои благодарение на интелигенција, идеи и храброст“.
„Неговиот Милан играше со 11 луѓе кои секогаш беа во активна позиција, како Наполи што игра сега. Па се надевам дека ќе се врати на тој пат, кој може да биде се следи само ако сите цврсто веруваат во неговите идеи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.