Иако загубија во финалето од Шпанија, фудбалерите на Аргентина по враќањето во својата земја добија голем пречек од своите навивачи.
Но, меѓу фудбалерите на церемонијата го немаше капитенот Лионел Меси, кој со приватен авион веднаш заминал за Росарио.
Поради неговото отсуство, првиот играч кој се појави пред насобраните навивачи, веднаш по претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, беше заменик-капитенот Николас Отаменди.
Вицешампионите беа поздравени од огромен број навивачи на улиците на Буенос Аирес, кои дојдоа да им дадат поддршка на фудбалерите и покрај поразот.
Поради огромниот интерес, во последен момент беше променет планот за пречек, па аргентинските репрезентативци низ градот поминаа со автобус со отворен покрив.
Simply 𝐀𝐫𝐠𝐞𝐧𝐭𝐢𝐧𝐚, don’t try to understand it ❤️🇦🇷 pic.twitter.com/DAjDW3yxgX
— Selección Argentina in English (@AFASeleccionEN) July 21, 2026