Со почеток од следната година треба да почне и емитување на Арена и Спорт Клуб на македонски и албански јазик.
„Врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на нашата територија, Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик“, се вели во соопштението на Владата.
Во соопштението се вели дека ова е препорака од Владата, а не задолжение, па не се знае што ќе биде со оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака, дали воопшто ќе се обидат да ги имплементираат македонскиот и албанскиот јазик доколку не подлежат на некакви санкции.