Арбелоа: Не ми е гајле што „лајкнува“ Мбапе

by Стефан
1 минути читање

По елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, фудбалската јавност сѐ погласно најавува големи кадровски промени во „кралскиот клуб“ во текот на летото. Една од главните теми меѓу навивачите е прашањето, кој ќе го предводи тимот од клупата следната сезона.

Алваро Арбелоа засега не успева посериозно да се наметне како решение, па веќе се шпекулира со неколку звучни тренерски имиња кои би можеле да го заменат.

Меѓу најизненадувачките информации е можноста за враќање на Жозе Мурињо во Мадрид, а приказната дополнително доби на тежина откако ѕвездата на Реал, Килијан Мбапе, на социјалните мрежи „лајкна“ објава поврзана со евентуалното враќање на португалскиот стратег.

Шпанските новинари веднаш побараа коментар од Арбелоа, кој реагираше без влакна на јазикот.

„Мбапе може да лајкнува објава за Мурињо, Џулија Робертс или за кого сака. Искрено, воопшто не ме интересираат лајковите“, порача Арбелоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×