Eкипата на Бетис славеше победа на Гент во рамките од Конференциската лига со 3:0, а Бразилецот Антони одново беше стрелец за шпанскиот тим.
Антони по заминувањето од Манчестер јунајтед игра одлично и во Ла Лига на два натпревари има гол и асистенција, а денеска одново стрелаше за својот тим. Бразилскиот фудбалер го постигна првиот гол за водство од 1:0. Стрелци на преостанатите два гола беа Бакамбу и Алтмира.
Бобан Николов настапи од првата минута за Борац Бања Лука во триумфот над Олимпија, додека голманот Шишковски беше на клупата за резерви. Моментот на одлука се случи во 91. минуга кога погоди Огринез.
На преостанатите две средби Хајденхајм беше подобар од 2:1 против Копенхаген, а Омонија ремизираше против Пафос 1:1.