Анхелињо во 92. минута донесе бод за Рома во дербито со Наполи (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Рома и Наполи одиграа 1-1 во големото дерби на Олимпико, херој за домаќините беше Анхелињо кој го даде израмнувачкиот гол во судиското продолжение.

Рома ја продолжи серијата без пораз во италијанската лига, веќе седми натпревар по ред не загубиле меч.

Наполи дојде во водство во 29. минута со гол на поранешниот играч на Рома, Спинацола. Тој поради почит кон неговиот поранешен тим не се израдува на погодокот.

Наполитанците беа пред победа, но во 92. минута Анхелињо даде гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани