120
Хари Кејн, Деле Али и Џејми Варди се неизвесни за натпреварот против Шведска, пишува „Скај Спортс“.
Кејн има проблеми со грбот здобиени на мечот со Колумбија, Деле Али со бутниот мускул. Неизвесна е и ситуацијата со Варди кој требаше да го шутира последниот пенал но поради повреда во продолженијата должноста му ја предаде на Дајер.
Сепак се верува дека не се работи за нешто посериозно и во трите случаи и дека тие ќе бидат во комбинација за четвртфиналето против Шведска.