Ливерпул полека, но сигурно почнува да размислува за „живот без Мо Салах“. Египетското крило засега нема потпишан договор со „црвените“, иако ја игра една од најдобрите сезони во клубот.
Салах и Ливерпул не можат да се пронајдат во преговорите, има разлика во побарувачката и понудата, а тимот чекори кон титулата во Премиер лигата. На маса за Салах има понуда од Саудиска Арабија, иако не се знае од кој клуб, но е доста богата.
Доколку замине Ливерпул ќе мора да се обиде да ангажира замена. Англиските медиуми споделија шокантно ново име, бидејќи се работи за 21-годишното крило на француска Ница – Мохамед Али Чо. Ова е интересно бидејќи не станува збор за фудбалер кој е страшно истакнат, сезонава во Лига 1 има три гола и три асистенции на 17 натпревари, а според Трансфермаркт вреди само 12 милиони евра.