Челниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) уште пред настапот на ЕП сакаа да го избркаат селекторот Ангеловски, но под притисок од јавноста одлучија да остане. Кога заврши историскиот настап на нашата репрезентација на големото натпреварување, очекувано Мрме не доби продолжување на договорот.
Адвокатот Тортевски сега открива дека поради затегнатите односи со Ангеловски, ФФМ не сакала да му ја исплати договорената премија на поранешниот селектор, па морале да одат по судови за да си ги добие заслужените пари.
„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски.
По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП,претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата па моравме да одиме по судови.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) June 19, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.