Во последно време Карло Анчелоти често добива лоши вести за повреди на неговите фудбалери, а сега Италијанецот потврди дека за утрешниот натпревар нема да смета и на Килијан Мбапе.
Реал Мадрид утре го очекува натпревар против Леганес во Купот на Шпанија и Анчелоти потврди дека Французинот нема да биде во комбинација за настап за овој дуел.
„Му дадовме на Мбапе еден ден дополнително да се опорави, денес тренираше нормално, но има хематом во листовите и нема да го имаме утре“, изјави Анчелоти.
Мбапе повредата ја заработи против Еспањол, натпревар кој Реал го загуби со 1:0. Во овој натпревар по 15 минути игра беше заменет и Рудигер, а „кралевите“ денес претходно соопштија и дека две-три недели надвор од терените повторно ќе биде Австриецот, Давид Алаба.