Реал Мадрид претрпе неочекуван пораз на гостувањето на „Бенито Виљамарин“ кај Бетис (2-1).
По овој неуспех анализа на одиграното даде тренерот Карло Анчелоти. Италијанецот призна дека неговиот тим заслужено загубил, а посочи дека не смее вака да се одигра против Атлетико во Лигата на шампионите.
„Одигравме лош натпревар, иако добро почнавме. Потоа немавме иста посветеност. Загубивме контрола над напреварот против ривал кој беше подобар од нас и заслужи да нè победи. Ова е тежок удар на кој мора да одговориме. Нема друг виновник освен ние самите. Загубивме 27 топки во првиот дел и Бетис успеа да се врати во игра.
Ако играме вака против Атлетико во Лигата на шампионите, нема да направиме ништо. Се надевам дека овој пораз ќе нè разбуди“, изјави Анчелоти.
Време за одмор нема бидејќи „кралевите“ ќе се судрат со градскиот ривал во елитното натпреварување веќе во вторник.