Анчелоти: Бернабеу е магичен, имаме квалитет за пресврт!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид ќе го дочека Арсенал во рамките на реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. По поразот во Лондон од 3-0, сега „кралевите“ на својот „Сантијаго Бернабеу“ ќе бркаат висока негатива.

И покрај тоа, позитивната атмосфера во тимот и јавноста е присутна. Сите знаат дека Реал не смее да се отпише во ова натпреварување, а токму за тоа зборуваше и Карло Анчелоти.

Имаме доволно квалитет за да го свртиме двомечот. Мора да бидеме посветени, а тоа да биде надополнето со нашето искуство во ЛШ и фановите. Ресурсите се тука, сега е време да го покажаме најдоброто. Ментално сме на добро ниво, мора да имаме добра контрола врз натпреварот. Бернабеу има магија, сите знаат дека атмосферата е специјална. Потребно ни е по малку од се: квалитетен и комплетен перформанс, физички и колективно да сме на ниво. Ништо не смее да тече лошо. Мотивацијата е тука, а сега сакам играчите да бидат само смирени. Сигурен сум дека ќе дадеме максимум“, изјави Анчелоти.

Реал знаел да режира епски пресврти, но мора да се посочи дека Арсенал има една од најдобрите одбранбени линии во Лигата на шампионите.

ФОТО: УЕФА

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани