Анчелоти: Малдини тринираше еднаш во неделата но играше зошто беше подобар од другите!

by
1 минути читање

Серхио Рамос синоќа стави крај на кариерата во репрезентацијата на Шпанија откако новиот селектор го известил дека не смета на неговите услуги.

36 годишниот дефанзивец во емотивната објава на социјалните мрежи порача дека им се восхитува на играчи како Модриќ, Меси и Пепе кои и покрај годините ги бранат боите на националниот дрес.

Па Карло Анчелоти денеска беше запрашан на оваа тема, а тренерот на Реал Мадрид порача дека годините не треба да бидат причина дали некој ќе игра или нема да игра.

„Доколку играчот си ја врши работата, не е важно е колку години има, нема разлика дали има 17 или 37 години. Тренерот треба да процени што се случува на теренот, дали играчот си ја врши работата“ – вели Италијанецот.

„Често ми замеруваат дека не користам фудбалери од академијата, но на почетокот од мојата кариера му дадов шанса на 17 годишниот Буфон. Не го сторив тоа само колку да се рече дека сум му дал шанса на некој од академијата, го сторив тоа бидејќи тој беше подобар од другите“.

„Исто така имам освоено Лига на шампиони со играч кој тогаш имаше 39 години, се работи за Паоло Малдини“.

„Тренираше само еднаш во неделата но играше. Играше бидејќи беше подобар од другите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×