Раководството на
Реал Мадрид има полни раце работа, летоска истекуваат договорите на Карим
Бензема, Тони Крос, Лука Модриќ, Марко Асенсио и Дани Себаљас.
Многу прашалници особено
има за иднината на Марко Асенсио, кој никако да ја добие платата и улогата во
тимот кој ја бара. Шпанецот синоќа против Елче постигна прекрасен соло гол и
уште еднаш покажа што може да понуди, па по крајот на натпреварот, новинарите
побараа мислење од Карло Анчелоти за целата ситуација.
„Не знам дали ќе
остане или нема. Можеби ќе продолжи, можеби ќе замине, не знам. Искрено, не ми е
гајле“ – изненади Италијанецот со изборот на зборови.
„Имаме големи предизвици
пред нас до крајот на сезоната, и најважно е тоа што тој дава допринос, исто
како и минатата сезона“.
„Нека продолжи да
игра вака, а клубот потоа ќе донесе одлука која смета дека е адекватна“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.