Англиските навивачи беа изненадени пред пријателскиот натпревар со Нов Зеланд на Флорида, откако на големиот екран на стадионот се појави состав со погрешно напишани имиња на речиси сите фудбалери.
На списокот дури 10 од 11 играчи беа наведени со измешани имиња и презимиња, па така се појавија необични комбинации како Маркус Стоунс, Џон Конса, Џарел Рашфорд и Џуд Белингем.
Хари Кејн и Коби Мејну беа наведени само со имињата, додека единствен без грешка беше голманот Џордан Пикфорд.
Фотографиите од необичниот пропуст брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции кај навивачите.