Алваро Родригез за 5 минути има поголем учинок во Ла Лига отколку Азар и Мариано заедно!

by
1 минути читање

Карло Анчелоти имаше многу проблеми во пресрет на дуелот против Осасуна, па повик во првиот тим доби 18 годишниот Алваро Родригез.

Напаѓачот од Уругвај во финишот на мечот доби шанса, и иако помина само пет минути на теренот, успеа да ги импресионира навивачите.

Тој најпрво му асистираше на Винисиус, но ВАР го поништи голот. Сепак, Алваро Родригез успеа да остави траг врз мечот откако украде една топка и го проигра Асенсио за 0-2.

Со оваа асистенција, Алваро Родригез веќе има поголем учинок во Ла Лига од Еден Азар и Мариано Диаз заедно. Ниту фудбалерот од Белгија, ниту фудбалерот од Доменикана немаат асистенција или гол оваа сезона во најсилното првенство на Шпанија.

Еден Азар има нешто помалку од 100 минути на три натпревари, додека пак Мариано Диаз зад себе има 51 минута на шест натпревари но без никаков учинок

„Се работи за фудбалер со многу квалитети. Тој е висок, добро ја контролира топката и извонреден е во воздушните дуели. Алаваро Родригез е напаѓач кој може да ни помогне, како што тоа го направи денска. Не е лесно за едно младо момче да го облече дресот на Реал Мадрид и да одигра добро. Направи разлика и покрај тоа што одигра пет минути, имаше две асистенции. Убеден сум дека ќе ни биде од корист на следните натпревари. Ќе мора да разговарам со Раул и да видиме каква ќе биде неговата инволвираност“ – рече Карло Анчелоти по крајот на натпреварот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани