Алварез: Најдобро за сите е да заминам од Атлетико!

by riste
1 минути читање

Хулиан Алварез јавно кажа дека сака да замине од Атлетико Мадрид, аргентинскиот фудбалер очигледно сака преселба во некој од шпанските ривали.

Барселона го посакува Алварез, а понуда испрати и Реал Мадрид за која се верува дека е само блеф.

Атлетико Мадрид е дециден дека нема да го продаде својот фудбалер, но тој сега јавно вели дека сака да си оди.

„Нема да кријам или да глумам дека не сакам да ги разјаснам работите. Сакам да бидам искрен. Зборував со луѓето од Атлетико и мислам дека е најдобро за сите инфолвирани да ме пуштат да заминам. Сакам да го исполнам својот сон“, рече Алварез додека е со аргентинската репрезентација на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×