Алонсо не смета на него: Засилувањето на Реал Мадрид од 50 милиони евра може да заврши во Серија А!

by Стефан
1 минути читање

Реал Марид под водство на тренерот Карло Анчелоти тргнува во нова ера, а како што стојат работите Бразилецот, Ендрик не е дел од тие планови.

За услугите на Ендрик, Реал Мадрид плати 47.5 милиони евра, но наскоро тој би можел да се пресели во Јувентус. Со Анчелоти на клупата Ендрик одигра амо 847 минути во 37 натпревари и во нив постигна седум голови, а се очекуваше со Алонсо да добива повеќе простор, меѓутоа ситуацијата не се промени.

Во овој момент се опоравува од повредата на муслуот, па поради тоа можеби ќе настапи само во пријателските натпревари летово. Но, додека тој е надвор од теренот одлични настапи покажува Гонзало Гарсија кој дојде од вториот тим на „кралевите“, па се шпекулира дека Алонсо сериозно размислува да му даде шанса.

Од друга страна Јувентус кој бара засилување во нападот ја следи ситуацијата. Иднината на Влаховиќ не е сигурна, па така покрај Дејвид од Лил со кого преговараат би можело да се отвори простор за уште едно засилување во офанзивата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×