Алиоски: Во животот нема ништо случајно

by
1 минути читање

По синоќашната победа над Ерменија, сега македонските фудбалери се насочуваат кон неделниот натпревар против Исланд.

„Среќни сме и во животот нема ништо случајно. Сета оваа наша работа го покажува сиот наш квалитет и тоа се гледа, од Македонија до 21 година и што направи таа, па ние игравме Европско првенство, а сега сите повторно сме тука за нова историја. Јас сум оптимист и одиме да го победиме Исланд. Дури и да не победиме, ние сето ова што го направивме и сите овие резултати, се скор најдобар во историја. Но, сигурен сум дека со Исланд ќе дадеме сѐ и ова што го направивме со Ерменија да го повториме. Сакаме нова историја“. вели Алиоски.

„Во фудбалот нема фаворит и како поеднинец не може да кажеш може, туку како тим. Ние сите одиме да победиме, треба да влеземе со таква мисла, да мислиме сите на тимот. Сега играме за победа и историја и сега сите имаме голема мотивација. Нормално е дека одиме на победа“.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во недела со почеток од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×