Алиоски ланското лето дојде на едногодишен заем од Ал Ахли откако овој клуб испадна во втората лига, но се врати експресно во елитата, иако прашање е дали Алиоски ќе продолжи пак во Саудиска Арабија или ќе бара друг клуб, зашто се појавуваа изминатиов период низа информации дека сака да остане во Турција и дека има понуди од други клубови од оваа земја.
„Секогаш е тешко да се каже збогум, но таков е животот. Благодарам на големата поддршка и ми беше чест да бидам дел од овој голем клуб“, објави Алиоски.
Тој е поранешен фудбалер на Лугано и Лидс, а иако играше многу повеќе во првиот дел од сезоната, неочекувано потоа падна во втор план, па остана на гол и асистенција за Фенербахче.
Алиоски со Фенербахче го освои Купот на Турција.