184
Идејата да се пресели во Саудиска Арабија наместо да остане во Лидс да игра на највисоко ниво се чини дека му се удира од глава на Алиоски.
Одигра една сезона во Ал Ахли, а сега се мачи да најде клуб за новата сезона.
Долго време се поврзуваше со Трабзон, кога требаше трансферот да се реализира, Турците се откажаа.
Синоќа се појавија шпекулации дека Фрајбург се интересира за него, а сега има вести дека претставници на Алиоски го понудиле на Фенербахче.
Агентите на нашиот фудбалер се во Истанбул и се во напредни преговори за трансфер во турскиот гигант.