Алиоски сака во Трабзон, ќе игра за помала плата од таа што ја добива во Саудиска Арабија

by
1 минути читање

По една година во Саудиска Арабија, Џани Алиоски е подготвен да се врати во Европа, голем интерес за него има од Трабзонспор.

Алиоски во Трабзон би заработувал два милиони евра годишно, тоа е за половина милион помалку од тоа што го добива сега во Ал Ахли. Но Трабзон ја има зголемено понудата за македонскиот фудбалер, минатото лето му нудеше 1,8 милиони евра.

Според турскиот новинар Бариш Јурдусевен од националната ТРТ, Алиоски имал видео разговор со тренерот на Трабзон, Абудала Авчи кој му објаснил сѐ за клубот, за градот и за атмосферата.

„Трансферот на Алиоски во Трабзон дојде пред крајот. Абдула Авчи разговараше преку видео врска со Алиоски и му објасни сѐ за Трабзонспор, а платата ќе биде два милиони евра по сезона“, објави Јурдусвен.

Трабзонспор треба да постигне договор и со Ал Ахли со кого Алиоски има важечки договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×